Добро се познати својствата на прополисот како вистински природен антибиотик со силно антивоспалително, антивирално, антибактериско, регенеративно и имуностимулативно дејство.
Медот е природен производ со исклучителни нутритивни и диететски карактеристики. Заради богатството на хранливи и заштитни материи медот претставува истовремено храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните и дигестивните органи, штити од настинки и исцрпеност при психички и физички напори.
При употреба во комбинација со мед, прополисот го поттикнува метаболизмот, го стимулира исфрлањето на вишок течности од масните и целулоитните ткива, ја подобрува работата на органите за варење, го подобрува имунитетот. Особено е делотворен за ублажување на симптомите при воспаление на дишните патишта (грип, кашлица, бронхитис, ангина), за дезинфекција на усната шуплина, јакнење на отпорноста на организмот, против стомачни тегоби.
Употреба:
Може да се конзумира директно со лажичка. Препаратот можете да го ставите во чај или млеко, за засладување и подобрување на вкусот на напитокот.
Состав:
Цветен мед и екстракт од прополис. Без адитиви и конзерванси. Без додаден шеќер. Да се чува на суво место. Да се промеша пред употреба.
Нутритивна вредност во 100g:
Јаглехидрати: | 80.20g |
Шеќери: | 80.00g |
Масти: | 0.00g |
Протеини: | 0.30g |
Енергетска вредност: | 322kcal |