Фино кристализираниот мед (крем мед) на Биодар е луксузен производ од висококлваитетен, чист и природен македонски мед кристализиран во контролирани услови до постигнување на ситни кристали. Земајќи го фактот дека само природниот мед кристализира, ваквата кристализација освен што сведочи за врвниот квалитет и чистината на медот, овозможува интензивирање на неговите ароми, создавајќи мека конзистенција налик на путер погодна за лесна употреба.
Медот е природен производ со исклучителни нутритивни и диететски карактеристики. Заради богатството на хранливи и заштитни материи медот претставува истовремено храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните и дигестивните органи, штити од настинки и исцрпеност при психички и физички напори.
Употреба:
Фино кристализираниот мед освен што е погоден за мачкање, има одличен вкус при конзумација директно со лажичка, можете да го употребите и во чај или млеко за засладување и подобрување на вкусот на напитокот.
Состав:
Фино кристализиран мед од чистите еколошки предели на С. Македонија со мека конзистенција погодна за лесна употреба. Природниот мед кристализира. Да се чува на суво место. Да се промеша пред употреба.
Нутритивна вредност во 100g:
Јаглехидрати: 80.20g
Шеќери: 80.00g
Масти: 0.00g
Протеини: 0.30g
Енергетска вредност: 322kcal