Услови за користење
Општи одредби
Биодар ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Виталиа е строго забрането. Прекршување на општите услови за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.
Биодар ја администрира оваа страница од своето седиште во Скопје, Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Републиката, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.
Биодар може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.biodar.mk, со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.
Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Согласно нашата политика за заштита на приватноста, личните податоци ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Кориснички блог
Биодар го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.
Сите инфорамации во врска со трансакцијата на купувач – онлајн продавницата на Биодар, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Северна Македонија.
Google Analytics
Ние користиме Google Analytics на нашата веб-страница. Google Analytics е услуга за веб-анализа која ја оптимизира употребата на нашата веб-страница. IP адресата, која е пренесена од вашиот прелистувач преку употреба на Google Analytics, не е комбинирана со други податоци од Google. Како дел од системот за следење на Google, исто така, ќе бидат пренесени информации за производите што сте ги нарачале.
Податоците испратени од нас и поврзани со колачиња, идентификатори на корисници и рекламирање ИД ќе бидат избришани автоматски по 36 месеци. Повеќе информации за условите за користење и политиката за приватност може да најдете на https: / / https://www.google.com/analytics/terms/us.html и https://policies.google.com/.
Купување
Избор на производи
Производите можете да ги прегледате и одберете на страната Производи. Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ПРОДОЛЖИ КОН ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да ги внесете потребните податоци за да извршите купување. Потребно е да одберете адреса на испорака, и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето.
Плаќање
Плаќањето може да се изврши во кеш при достава или подигнување од база или со уплата на пресметаната сума на банкарска сметка. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.
Достава
За повеќе информации погледнете во Инфорамции за достава.
Рекламации
Откако ќе ја добиете пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот +389 70 622 187 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@biodar.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба.
Заштита на приватноста на податоците
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата Биодар се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите Купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.
Поврат на производи
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.