Медот е природен производ со исклучителни нутритивни и диететски карактеристики. Заради богатството на хранливи и заштитни материи медот претставува истовремено храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните и дигестивните органи, штити од настинки и исцрпеност при психички и физички напори.
Употреба:
Медот освен што можете да го конзумирате директно со лажичка, може да го употребите во чај или млеко за засладување и подобрување на вкусот на напитокот.
Состав:
Висококвалитетен цветен мед од чистите еколошки предели на С. Македонија. Природниот мед кристализира. Да се чува на суво место. Да се промеша пред употреба.
Нутритивна вредност во 100g:
Јаглехидрати: 80.20g
Шеќери: 80.00g
Масти: 0.00g
Протеини: 0.30g
Енергетска вредност: 322kcal