Медот е природен производ со исклучителни нутритивни и диететски карактеристики. Заради богатството на хранливи и заштитни материи медот претставува истовремено храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните и дигестивните органи, штити од настинки и исцрпеност при психички и физички напори.
Боровиот сируп е направен со помош на докажана постапка на екстракција од млади борови шишарки берени во околината на еколошки чистото Крушево на надморска висина над 1300 m. Екстрактот на борови шишарки – боров сируп е многу ефикасен за олеснување на симптомите при продуктивна кашлица, го олеснуваат искашлувањето на слузот и дејствуваат антивоспалително и антисептички на дишните органи. Исто така, го зголемува имунитетот и помага на пушачите за прочистување на белите дробови.
Ваквата комбинација на мед и боров сируп има исклучително позитивно и заштитно влијание врз организмот, благотворно влијае при исцрпеност на организмот по прележана болест, при намален имунитет и слаба отпорност кон болести.
Употреба:
Производот можете да го конзумирате директно со лажичка.
Состав:
Цветен мед и екстракт од млади борови шишарки. Без адитиви и конзерванси. Да се чува на суво место. Да се промеша пред употреба.
Нутритивна вредност во 100g:
Јаглехидрати: | 80.20g |
Шеќери: | 80.00g |
Масти: | 0.00g |
Протеини: | 0.30g |
Енергетска вредност: | 322kcal |