Боровиот сируп е направен со помош на докажана постапка на екстракција од млади борови шишарки берени во околината на еколошки чистото Крушево на надморска висина над 1300 m. Екстрактот на борови шишарки – боров сируп е многу ефикасен за олеснување на симптомите при продуктивна кашлица, го олеснуваат искашлувањето на слузот и дејствуваат антивоспалително и антисептички на дишните органи. Исто така, го зголемува имунитетот и помага на пушачите за прочистување на белите дробови.
Употреба:
Производот можете да го конзумирате директно со лажичка.
Состав:
Екстракт од млади борови шишарки. Без адитиви и конзерванси. Да се чува на суво место. Да се промеша пред употреба.
Нутритивна вредност во 100g:
Јаглехидрати: | 80.20g |
Шеќери: | 80.00g |
Масти: | 0.00g |
Протеини: | 0.30g |
Енергетска вредност: | 322kcal |