Зошто треба да консумираме мед?

Медот е природен производ со исклучителни нутритивни и диететски карактеристики. Заради богатството на хранливи и заштитни материи медот претставува истовремено храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните и дигестивните органи, штити од настинки и исцрпеност при психички и физички напори.