Медот е природен производ со исклучителни нутритивни и диететски карактеристики. Заради богатството на хранливи и заштитни материи медот претставува истовремено храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните и дигестивните органи, штити од настинки и исцрпеност при психички и физички напори.
Путерот од лешници е богат со мононезаситени масти- здрави за срцето и витамин Е кој важи за најголем заштитник на клетките. Путерот од лешници го поврзуваат со намалување на ризикот од дијабет, воспаленија, гојазност и против стареење поради значителната количина на антиоксиданти, витамин Б6, фосфор, потасиум, растителни влакна, калциум, магнезиум, цинк, фолна киселина, биотин и бакар кои ги содржи. Богат е и со протеини, што е клучно за градење и обновување на мускулите.
Употреба:
Медот со путер од лешник освен што е погоден за мачкање, има одличен вкус при конзумација директно со лажичка.
Состав:
Цветен мед и путер од лешник. Без адитиви и конзерванси. Без додаден шеќер. Да се чува на суво место. Да се промеша пред употреба.
Нутритивна вредност во 100g:
| Јаглехидрати: | 77.10g |
| Шеќери: | 76.20g |
| Масти: | 2.70g |
| Заситени масти: | 0.20g |
| Протеини: | 1.00g |
| Влакна: | 0.40g |
| Енергетска вредност: | 337kcal |

Боров сируп 250 g
Киндер Дуо
Мед со путер од кикирики 450 g 











